Четврто извлекување на Фискална во рака – награда без мака

27

Денеска во 20 часот на првата програма на Македонската радио телевизија, ќе се емитува четвртото извлекување на наградната игра Фискална во рака – награда без мака.

Државна лотарија на Македонија соопшти дека во ова коло ќе бидат извлечени еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по илјада денари.

Во извлекувањето ќе учествуваат сите пликоа испратени за 4-тото коло со сметки кои се валидни од најран датум, 15 ноември 2013 година. Неизвлечените пликоа од ова коло, како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото ќе учествуваат во 7-мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

За учество во наградната игра потребно да се испратат 20 фискални сметки во стандарден бел плик во кој на посебен лист треба да се наведени основните податоци на испраќачот.

Писмата може да се испратат по пошта на адресата бул. Гоце Делчев бр. 8, 1000 Скопје – За наградна игра фискална во рака – награда без мака или да се достават на некои од специјално одредените пунктови на Државната лотарија на Македонија.

Резултатите од четвртото извлекување ќе бидат објавени во четврток, 3 април, во дневниот весник Вечер и на веб страната www.tvkoha.tv