Чистка во ССК: Разрешени потпретседатели, исклучени од членство

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) соопшти дека на  седница на Управниот одбор донел одлука за разрешување на Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски од функциите потпретседатели. Воедно, тие се исклучени и од членството во Сојузот, а од ССК апелираат до јавноста и медиумите да не ги поврзуваат овие лица со организацијата.

Сојузот на стопански комори на Македонија ги информира сите медиуми дека на седница на Управниот одбор на ССК, лицата Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Воедно, информираме дека истите лица, како претставници на компании членки, се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот.

Дополнително, апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот.

Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата.