Членките на ЕУ договорија нови правила за патување, се воведуваат четири категории

8270

Државите членки на Европската Унија вчера прифатиле да ги координираат условите за патување на жителите за време на пандемиjaта со кopoнавиpyc. Така е договорено на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Тоа подразбира изработка на пандемска мапа на државите врз основа на која ќе се донесат мерки за патување, а што се однесува на условите за тестирање и карантин. Усогласенo е дека со мерките мора да осигураат слобода на движење, транспарентност за граѓаните и компаниите за да се избегне нарушување на нудењето услуги.

Од Европската Комисија го поздравиле овој договор и напоменале дека граѓаните се соочуваат со многу различни правила и постапки, како и нејасни информации по ова прашање.

Новиот пристап на ЕУ налага воспоставување заеднички критериуми за проценка на ризикот од зараза од кopoнавиpyc за секоја држава и регион поединечно.

Усогласено е дека ризикот се проценува врз основа на бројот на тестирани лица на 100.000 жители во седум дена пред самата проценка, како и бројот на оние кои се позитивни на коронавирусот. Во предвид ќе се земаат и бројот на новозаразени луѓе во последните две недели.

Пандемската мапа е заедничко мапирање на ризични подрачја во ЕУ. Државите и регионите на мапата ќе бидат обележени со зелена, портокалова, црвена и сива боја.

Со зелена ќе бидат обележани ониe држави во кои бројот на новозapaзени е помал од 25 во последните две недели, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани 4%.

Со портокалова боја ќе бидат обележани оние земји во кои бројот на новозаразени ќе биде помал од 50 во последните две недели, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани 4%. Со истата боја ќе бидат обележани и државите во кои бројот на новозаразени е помеѓу 25 и 150, но процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е помал од 4%.

Со сива боја ќе бидат обележани земјите за кои нема доволно информации за процентот на ризик. Земјите со висок ризик ќе бидат обележани со црвена боја, каде има повеќе од 50 случаи на 100.000 луѓе, а процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани 4% или повеќе од 150 случаи на 100.000, но процентот на позитивни во однос на бројот на тестирани е помал од 4%.

Фото: Pixabay