Чоколадо со сок од какао во Германија не се смета за чоколадо

90

Германскиот производител Ritter Sport ја заслади новата чоколада со сок од какао, со што го отвори прашањето дали овој производ ги исполнува важечките закони во земјата.

Иако звучи чудно, но уредбата за какои и чоколадо во германскиот закон за храна од 2003-та година вели дека чоколадото содржи состојки како што се какао маса, какао во прав и какао путер и строго пропишани видови на шеќер.

Сите оние кои ја прекршуваат уредбата, што е своевиден рецепт за правење чоколадо, може да се соочат со парична казна, а во некои случаи и официјална забрана за продажба.

Ritter Sport подготвува нов вид на чоколадо под името Cacao y Nada, што во превод од шпански би значело Какао и Ништо. При изработката, компанијата шеќерот во чоколадото го замени со природен сок од какао што се произведува на плантажите во Никарагва.

Сокот од плодот какао има статус на прехранбен производ во ЕУ, но засладениот производ што Ritter Sport го добива на плантажите не ја содржи потребната количина на шеќер за да може според важечките закон да биде препознаен како шеќер.

Чоколадото според уредбата се произведува од какао и различни видови шеќер.

Инаку, чоколадите на Ritter Sport се продаваат во над 100 земји во светот. Компанијата има голем пад на продажбата во изминатите години, но лани оствари добивка од 470 милиони евра и вработува околу 1.650 луѓе ширум светот.

Фото: Ritter Sport