„Човекот што ја погоди добитната комбинација и ја раздвижи цела економија“ – прогласен за личност на годината од FT!

Лондонскиот престижен весник „Фајненшл тајмс“ (FT) го прогласи извршниот директор и коосновач на „Нвидија“, Јенсен Хванг, за личност на годината, истакнувајќи ја неговата клучна улога во глобалниот подем на вештачката интелигенција (ВИ) и трансформацијата на полупроводничката индустрија.

Фајненшл тајмс наведува дека Хванг ја претворил „Нвидија“ во највредната компанија во светот, која достигнала пазарна капитализација од пет трилиони долари во октомври, така што чиповите, некогаш периферна технологија, станале „срцето“ на револуцијата на ВИ.

Неверојатниот успех на „Нвидија“ значително ја поддржа американската економија во текот на годината и придонесе за растот на клучните берзански индекси.