Фото: Autolabs
Германската технолошка компанија Autolabs креира уред со вештачка интелигенција, којшто на возачите ќе им служи како совозач. Од компанијата велат дека уредот Chris на возачите ќе им овозможи да останат сконцентрирани на патот додека се поврзани со дигиталниот свет.
Chris слуша и зборува со возачот, а сите клучни информации се видливи на екранот во боја. Уредот дава информации за состојбата на патиштата, како и известување за пораките кои пристигнуваат од социјалните мрежи, електронската пошта или СМС порака.
Со овој уред рацете на возачот секогаш остануваат на воланот, бидејќи располага со уникатен hands – free систем контролиран преку гласот на возачот.
“Сè што треба да направите е да го поврзете вашиот паметен телефон со Chris и уредот ќе праќа и прима пораки, ќе ви пушта музика и ќе ви помогне со навигацијата“, велат од компанијата.
Chris е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 50.000 евра.