Circleg – вештачка нога од рециклиран пластичен отпад

136

Двајца дипломци до Универзитетот за уметност во Цирих, Швајцарија создадоа вештачка нога од рециклиран пластичен отпад. Проектот, наречен Project Circleg е евтин начин на креирање на вештачки нозе и е првично наменет за сиромашните и неразвиени земји.

Со користење на рециклирана пластика и едноставен метод на изработка се добива целосно функционална протетска нога што е од голема помош на луѓе што изгубиле дел од овој екстремитет.

Корисникот може сам да ја адаптира ногата благодарение на специјални адаптери вградени во коленото и стапалото. Исто така, во неа има вграден и механизам што ја “носи“ ногата нанапред со што спречува сопнување и паѓање. Коленото е обложено со заштита што не дозволува навлегување на нечистотија во случај кога треба да се клекне.

Circleg овозможува и голем избор на бои, па корисникот може сам да ја “креира“ вештачката нога според сопствените желби.

Материјалот од којшто е изработена придонесува за намалување на трошоците за 50%. Освен рециклираниот пластичен отпад, протетската нога содржи и стаклени влакна што дополнително го зголемуваат перформансот.