Clio слави три децении постoење

43

Омилениот автомобил на Французите и лидерот во европскиот B сегмент, Renault Clio, го прославува своето тридецениско постоење.

Следејќи ги стапките на подеднакво успешниот Renault 5, Clio беше претставен во 1990 година како начин за сигнализација за закрепнување на автомобилскиот производител по тешката втора половина на 1980-тите. Така настана субкомпактниот модел којшто го одбележа враќањето на Renault на врвот.

30 години еволуција на дизајнот и технологијата и исполнување на потребите на активните купувачи. Ретко кој денес може да каже дека не слушнал за бестселерот на Renault. Речиси секој има некоја приказна, понова или постара, со автомобилот кој веќе три децении ги следи возачите на долги или кратки патувања.

Од првото претставување во 1990 година, Clio е продаден во повеќе од 15 милиони примероци. Со тоа стана бестселер на Renault групацијата ширум светот. Својата титула на омилен автомобил на Французите, ја пренесе и во европски рамки откако се искачи на врвот во B сегментот во Европа во 2013 година.

Во текот на годините, Renault успеа да ја зачува ДНК-та која неговиот фантастичен градски автомобил го направи толку успешен и денеска ја нуди најкомплетната, петта генерација на Clio. Уште помодерен, уште подинамичен, Clio V ги презеде одликите на четирите претходно генерации кои ја испишаа неговата успешна приказна.

Втората генерација на Clio беше брзо препознаена за достигнување на нови стандарди во смисла на комфор. Третата генерација докажа дека Renault може да се натпреварува кога станува збор за квалитетот. На крајот, четвртата генерација ја најави новата дизајнерска насока за целиот бренд. Најновата верзија се стреми да достигне нови нивоа на технолошки иновации. Сега во својата петта генерација, Clio го прославува својот 30-ти роденден со огромен успех на матичниот пазар. Но и во европскиот B сегмент.

Во модерното време на автомобилската индустрија Renault Clio стана еден од синонимите за комерцијален успех. Францускиот автомобил со години е на или при самиот врв во својата класа.

Денес, Clio оди чекор понатаму и испишува нова страница во својата историја со понудата на иновативниот E-Tech хибридна технологија. Го електрифицира секојдневниот живот и се адаптира на потребите на мобилноста благодарение на својата препознатлива сестраност.

Преземено од Avtoplus.mk