Coca-Colа ги претстави првите шишиња изработени од пластика од океаните

49

Сoca-cola претстави нови шишиња за коишто компанијата тврди дека се први од ваков тип во светот, пишува Designboom. Станува збор за шишиња изработени од рециклирана пластика собрана од океаните.

За почеток изработени се 300 примероци во чијшто состав има 25% пластика којашто ја собирале волонтери за време на 84-те организирани чистења на плажите во Шпанија и Португалија.

Технологијата на рециклирање е резултат на партнерство помеѓу Coca-Colа, холандскиот старт – ап ioniqa technologies и indorama ventures, еден од снабдувачите на компанијата со PET пластика.

За да се процесира материјалот, ioniqa technologies користеа технологија на деполимеризација, со што PET пластиката се разложува на мономери што пак овозможува истата повторно да се произведе како нова.

Целта на Сoca-Сola е пластиката за една употреба да се елиминира во нивното работење, но и во бизнисите ширум светот.

Фото: Pixabay