Coca – Cola ќе продава шишиња од рециклирана пластика

47

Американскиот производител на газирани пијалаци, Coca – Cola, најави дека во САД ќе почне да користи шишиња изработени од рециклирана пластика.

Со оваа иницијатива, Coca – Coca би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20% во Северна Америка во однос на 2018 година.

Со премин на шишиња што се целосно изработени од рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад.

Компанијата почнува со продажба на пијалaкот во рециклирани пластични шишиња од 400 милилитри во Калифорнија, Њујорк и Флорида, а до пролет и во Тексас.

Во декември минатата година, здружението Break free from plastic ги означи Coca – Cola, PepsiCo и Nestle како три најголеми загадувачи со пластика и тоа три години по ред.

Coca – Cola вложува напори до 2025 година да може да рециклира 100% од примарната амбалажа што ја пласира на глобално ниво.

Фото: Pixabay