Coca – Cola развива прототип на хартиено шише

94

Coca – Cola произведе прототип на ново хартиено шише, што е развиен во партнерство со научници во лабораторијата за истражување и развој на Coca – Cola во Брисел и компанијата The Paper Bottle Company (Paboco), а е претставен по виртуелен пат во Будимпешта.

Технологијата што ја развива Paboco е дизајнирана за создавање шишиња што можат лесно да се рециклираат, а коишто не пропуштаат течност, CO2 и кислород, а се погодни за флаширање на газирани и негазирани пијалаци, козметички и други слични производи.

Тестирањето би требало да почне во второто тримесечје од оваа година со растителниот напиток на Coca – Cola, AdeZ. Понудата ќе биде достапна за 2.000 потрошувачи во Унгарија.

Фото: Paboco