Coca Cola снима реклама во Хрватска за Европското фудбалско првенство

60

Хрватските градови Пула и Истра се интересни за снимање филмови и телевизиски реклами. Доказ за тоа е и потврденото снимање реклама за Coca Cola. Според Glas Istre, рекламата ќе се снима на неколку локации во Пула следниот месец. Станува збор за реклама за Европското фудбалско првенство што ќе се одржи ова лето.

Организаторите бараат статисти за оваа реклама, кои треба да бидат на возраст меѓу 20 и 45 години, како и постари жени и мажи над 65 години.

Што се однесува за хонорарот, станува збор за стандарден хонорар што изнесува околу 33 евра (250 хрватски куни) дневно. Статистите што ќе добијат поголеми улоги ќе добијат поголем хонорар од околу 100 евра (750 куни) дневно.

Оваа реклама, како што се наведува, е и бесплатна реклама за Пула којашто во рамки на првенството ќе ја гледаат голем број гледачи ширум светот.

Фото: Pixabay