Cocoon – рачно плетена и анатомска лежалка за уживање

593

cocoon

Релаксирање во текот на летниот период, особено во домашни услови, многу често се поврзува со некоја обична лежалка во дворот. Станува збор за мошне стар изум, кој веќе со векови се користи ширум светот, но и понатаму има простор за иновации во нејзиниот облик и функционалност.

Тоа го докажува и претприемачот од Бихаќ, Мурат Рекановиќ кој патентираше анатомска висечка мрежа за одмор Cocoon, направена со посебна техника за плетење – макраме, која го чува ’рбетот во природна положба и поднесува товар од над 300 килограми.

Макраме е стара вештина за врзување на јазли на посебен начин, а може да се користи за различни креативни производи, од накит до декорации за домот.

materijal-za-web

“Мрежата е изработена од квалитетни и еколошки прифатливи материјали, а се прави само на рака. Самата се прилагодува на најприродната положба на телото, со што станува рамна и поудобна од другите лежалки. Посебно треба да се истакне носачот на мрежата што е погоден за употреба на било кое место, едноставно е за пакување и транспортирање, изработен е од квалитетно дрво, обработено така што гарантира безбедност и долготрајна употреба“, вели Рекановиќ, пренесува Пословни дневник.

Тој вложи околу 52.000 евра во работилница и во едукација на работници кои ќе ја плетат мрежата. Кога ја состави целата приказна го почна семејниот бизнис 4М, каде освен неговото семејство вработи и 20 кооперанти.

Надолжно плетените нишки ја преставуваат суштината на иновацијата, по што Cocoon мрежата се разликува од останатите производи на пазарот. Со ова едноставно решение, скоро целото отповарување на мрежата рамномерно се распоредува на нишките, со што се намалува притисокот и се зголемува отпорноста и векот на траење на мрежата.

Cocoon мрежата е наградена на повеќе меѓународни саеми за иновации.