Coinbase вреди повеќе од нафтени гиганти

43

Американската компанија Coinbase, којашто претставува финансиски пазар на криптовалути, почна да котира на берза и достигна вредност од 100 милијарди долари. Со ова, Coinbase ја надмина вредноста на некои од традиционално најсилните играчи на берзите, како што се нафтените компании.

Платформата за тргување со криптовалути своите акции ги излиста директно на Nasdaq, што значи дека не се определи за иницијална јавна понуда. Во изминатиот период меѓу инвеститорите владееше дилема на кој начин Coinbase ќе котира на берза, но очигледно немало дилема кога е во прашање купување на нејзините акции.

Бидејќи не се одлучила за иницијална јавна понуда, Nasdaq ги издаде акциите по референтна цена од 250 долари. Но, во одредени моменти на тргување, цената на нејзината акција достигна и до 381 долари.

Во 2012 година, Брајан Армстронг, поранешен софтверски инженер во Airbnb, ја напуштил компанијата и заедно со Фред Ерсам од Goldman Sachs ја основаа Coinbase, со цел да го поедностават тргувањето со криптовалути.

Фото: Pexels