Čoko bum – чоколадо што не дебелее

55

chocolate-2224998_960_720

Фото: Pixabay

Тијана и Марко Манојловиќ од Србија направија нискокалорично и органско чоколадо Čoko bum. Чоколадото е направено од суровини коишто на организмот му даваат витамини и минерали без додадени адитиви и конзерванси. Факт е дека сè повеќе луѓе се насочуваат кон здрава и органска исхрана и затоа решиле да влезат на пазарот како единствена домашна компанија што се занимава со развој и производство на здрави слатки, пишува Блиц.

“Моја задача беше да измислам рецепти за здрави слатки и така сè започна. Многу изменети и измислени рецепти поминаа во кујната, но посебно место зазема чоколадото и така донесовме одлука дека рецептот треба да се комерцијализира. Чоколадото од тенџере, како што јас го нарекувам наиде на големо воодушевување, а и сопругот ги намали килограмите“, вели Тијана Манојловиќ.

До оваа идеја идеа дошле кога сопругот на Тијана решил да намали од вишокот килограми.