Coldplay се откажува од концерти, бараат “зелено“ решение

42

Coldplay нема да организира турнеја преку којашто би требало да го промовира својот нов албум, поради тоа што се загрижени за влијанието што го имаат концертите врз животната средина, пишува BBC.

“Нема да организираме тури за овој албум. Ќе ни бидат потребни една или две години за да може да размислиме како да ги направиме нашите концерти да бидат одржливи“, изјави Крис Мартин, фронтмен на Coldplay.

Новиот албум Everyday Life, ќе биде претставен во петок, а наместо неколку месечна турнеја, тие ќе организираат две свирки во Јордан, коишто ќе бидат емитувани бесплатно на YouTube.

Концертите ќе бидат организирани во Аман, еден на изгрејсонце, а другиот на зајдисонце, откривајќи ги двете “страни“ на нивниот албум.

Фото: Twitter