Colonial Pipeline плати пет милиони долари на хакери

41

Најголемиот нафтовод во САД, Colonial Pipeline плати скоро пет милиони долари на источноевропски хакери по тешкиот кибернетички напад што ја исклучи најголемата мрежа на нафтоводот во САД, пренесува Ројтерс.

Компанијата платила откуп со криптовалута на којашто не може да ѝ се влезе во трага неколку часа по нападот.

Хакерите на операторите во нафтоводот им дале алат за декрипција за да ја поправат компјутерската мрежа откако ги добиле парите, но компанијата употребила сопствен back up за да го поправи системот бидејќи алатот бил премногу бавен.

По шестдневното исклучување, главниот американски нафтовод, што пренесува 100 милиони галони гориво дневно, ги пренесе првите милиони галони по нападот.

Исклучување на нафтоводот предизвика недостиг од гориво и прогласување вонредна состојба од Вирџинија до Флорида, две рафинерии мораа да го намалат производството, а имаше големо влијание и врз снабдувањето со керозин за авиокомпаниите.

ФБИ ја обвини криминалната банда Dark Side за кибернетичкиот напад. Се верува дека групата има база во Русија или некаде во источна Европа, но таа не ја презела одговорноста за нападот.

Фото: Freepik