Commerzbank ќе отпушти 10.000 работници

11

Германска Commerzbank ќе отпушти 10.000 работници во обид да ги намали трошоците, пренесува Ројтерс.

Првиот човек на банката, Манфред Кноф веќе најави намалување на бројот на вработени на почетокот на годината.

Договорот, што го најави претставници од банката и синдикатите, е клучен за напорите на Кноф да го насочи најголемиот кредитор во Германија кон профитабилност.

“Презедовме важен чекор кон постигнување на нашата одржлива цел – трошоците и со тоа да ја направи банката одржливо профитабилна“, вели Кноф.

Освен затворање на 10.000 работни места, под клуч се ставаат и стотина филијали, што според планот за реструктуирање ќе треба да заштедат околу 1,8 милијарди долари.

Фото: Pexels