Култните “старки” секогаш се во мода. Првиот пар на овие легендарни Chuck Taylor All Stars патики, направени од платно и гума е произведен во 1917 година, со намера да го освојат кошаркарскиот пазар.
Во 2003 година, брендот го купува Nike, за 305 милиони долари. Иако постоеше стравување дека новиот сопственик ќе го смени дизајнот, Nike успеа да го задржи статусот.