Cook Hub е првата таканаречена coworking кујна во Хрватска, којашто нуди комплетно решение за стартапи поврзани со подготовка на храна, пишува Нетокрација.
Заедничкиот кујнски простор го отвори Јосипа Брачанов, магистер по економија од Хрватска. Таа сака да се занимава со производство на храна и пијалаци, па Cook Hub има за цел да го забрза развојот на нејзиниот бизнис, а во исто време да им помогне и на многу други млади луѓе да го користат просторот.
“Ве чекаат голем број пречки како што е професионална кујна, одредени хигиенски и санитарни услови, строги закони и бирократија. Сето тоа е долготрајно, комплицирано и скапо за еден почетник. Затоа, голем дел од нив или се откажуваат или одлучуваат да ги продаваат своите производи само на колеги и пријатели. Токму затоа е Cook Hub, којшто нуди комплетно решени за стартапи поврзани со храна. Станува збор за професионална кујна којашто ги има минималните технички услови, потребни уреди, садови, заштитна облека, грижа за хигиена и нуди поддршка при огласување, дистрибуција и вмрежување“, вели Брачанов.
Коворкинг кујната е на простор од 60 метри квадратни, во којшто може да работат четири лица во една смена.