Crankmonkey – полнач којшто со вртење на рачка полни телефон, таблет или апарат

100

racka polnac

Во време кога животот не може да го замислиме без мобилен телефон, лап топ или таблет, еден од најчестите проблеми со кои се соочуваме е празната батерија.

racka polnac 1

Технолошките компании сè почесто на своите корисници им нудат опции за “паметно“ полнење на нивните телефони со преносни батерии или соларни полначи. Но, компанијата Powertraveller понуди сосема поинаков производ на пазарот.

racka polnac 2

Crankmonkey го полни телефонот со помош на струјата што корисникот сам ќе ја создаде. Овој полнач кинетичката енергија ја трансформира во електрична, па со вртењето на рачката силата се генерира своевидно гориво за мини генераторот.

racka polnac 3

Овој уред има и USB приклучок, па може да полни било каков уред, а не само мобилен телефон.

Од компанијата ја гарантираат неговата издржливост, нагласувајќи е изработен од алуминиум. Полначот чини 99 долари, а  Powertraveller дава доживотна гаранција за негово користење.

racka polnac 4