Пред овој простор да биде моделиран во модерен и луксузен дом за продажба, истиот пред скоро два века бил изграден како црква.
Пред 15 години црквата била продадена за приближно 2 милиони долари и претворена во куќа на 4 ката, со сопствена визба и базен.
Денес имотот чини 75,5 милиони долари, а меѓу другите удобности во него ќе најдете мини-спа центар, сауна, соба за опуштање, соба за третмани, џус бар и сала за вежбање. Куќата има вкупно седум спални соби, четири мастер и 3 гостински. Некогашната купола на црквата сега е голема дневна соба во висина од 13 метри.