Црна Гора ги продава хотел Дурмитор и бунгаловите за 2,8 милиони евра

20

cg bungaloviСтечајната управа на ски центарот Дурмитор распиша нов оглас за продажба на истоимениот хотел со земјиштето што му припаѓа и 13 бунгалови на Жабљак, по почетна цена од 2,8 милиони евра, јавува РТЦГ.

Рокот на доставување понуди е 31 март, а доставените понуди ќе се отвораат на 14 април.

Идниот купувач има обврска да ги задржи во работен однос на неопределено време шесте работници во претпријатието.

Стечајната управа на ски центарот Дурмитор кон средината на февруари минатата година го распиша првиот тендер за продажба на хотелот, земјиштето и бунгаловите на Жабљак, по почетна цена од 6,55 милиони евра. Од тогаш пропаднаа неколку јавни тендери, затоа што немаше заинтересирани.