Црна Гора нема да ја зголемува стапката на ДДВ

36

Министерството за финансии на Црна Гора соопшти дека не е предвидено зголемување на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) во нацрт законот за буџетот за следната година.

Претходно, Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и порача на владата дека ниската стапка на данок на додадена вредност од 17% претставува потенцијална резерва за поголеми приходи и доколку е потребно негово зголемување, не треба да се двоумат, затоа што е во прашање општ тренд на зголемување на оваа стапка.

ЦБЦГ и порача на владата уште и дека мора да донесе конечна одлука за судбината на Комбинатот за алуминиум Подгорица (КАП). Најдобра опција би била пронаоѓање на сериозен стратешки партнер. Другите две опции се затворање на КАП или постигнување на национален консензус за субвенционирање на производството на комбинатот.