Црна Гора вработува 10.000 сезонци

50

sezonciЗаводот за вработување на Црна Гора оваа година планира да ангажира околу 10.000 невработени на сезонски работи.

Во црногорската служба за вработување очекуваат дека годинава поодлучната борба против сивата економија ќе даде резултати, па ќе има многу повеќе регистрирани и пријавени вработувања, кои во последните неколку години во голем број остануваа во сивата зона.

Заводот започна и проекти кои имаат за цел да поттикнат поголемо учество на домашна работна сила во вработувањата. “Да вработуваме наши” е проект претставен во февруари, со цел да придонесе за поголема информираност и мотивација на невработените и работодавачите, за поголемо вработување на домашна работна сила во однос на странците.