Хотелскиот ланец Montenegro stars, кој управува со неколку елитни хотели во Црна Гора, можеби ќе стане првата домашна компанија која ќе управува со хотели во конкурентните Хрватска и Албанија, пишува Вијести.
Како што пишува весникот, оваа хотелска компанија ги завршува преговорите за под своја капа да стави два хотела во Албанија и еден во Хрватска. Преговорите се водат за преземање на хотелскиот менаџмент на хотел во центарот на Тирана, еден на Драч и еден во Орашац крај Дубровник.
Доколку успешно се завршат преговорите, Montenegro stars ќе стане најсилна хотелска компанија во регионот, која ќе управува со седум хотели од висока категорија.