Вкупниот долг на потрошувачите на електрична енергија на Електростопанство Црна Гора (ЕПЦГ) изнесува околу 185 милиони евра. Најголем дел од долгот, преку 130 милиони евра или 70% се однесува на граѓаните, а остатокот од 60 милиони на компаниите.
“Основата на проблемот со наплатата е редицив од минатото и неизградена свест дека елетричната енергија е стока како и секоја друга и дека потрошеното мора да се плати. Потсетуваме дека Црна Гора е увозник на електрична енергија, па затоа нередовните потрошувачи ја оптеретуваат функционалноста на компанијата и го успоруваат одржувањето и модернизацијата на мрежата, што е наша обврска и кон редовните потрошувачи”, наведуваат од ЕПЦГ.