Crowdfunding индустријата со раст од 167% во 2014 година

12

crowdfunding

Crowdfunding индустријата забележа исклучителен раст од 176% во 2014 година, по што вредноста на овој вид на финансирање достигна 16,3 милијарди долари. Една година претходно во оваа индустрија биле инкасирани 6,1 милијарди долари. Во 2015 година се очекува барем двојно зголемување, со цел да се достигне вредност од 34,4 милијарди долари, покажува истражувањето на Massolution.

Силниот раст во текот на минатата година, во најголема мера беше поттикнат од crowdfunding финансирањето во Азија, како еден од најразвиените региони за оваа индустрија. На тој континент, растот на crowdfunding финансирањето беше за 320%, со вредност на индустријата од 3,4 милијарди долари. Северна Америка и понатаму го има приматот во оваа индустрија, чија вредност во 2014 година достигна 9,46 милијарди долари и раст од 145%.

Истражувачкиот тим на Massolution анализира податоци од 1.250 активни crowdfunding платформи од целиот свет.

Crowdfunding финансирањето претставува собирање на помал износ на пари од поголем број на лица, најчесто преку интернет, за финансирање на одреден проект или старт – ап.