Цукерберг: Не си ги продавам акциите

50

Цукерберг за ваквата одлука ја извести Американската комисија за хартии од вредност, која ја сподели информацијата со јавноста.

Инаку, Цукерберг поседува околу 444 милиони акции, па може да се претпостави што би се случило ако тој реши да ги продаде. Неговата продажба би предизвикала уште поголема паника кај инвеститорите, кои ваквиот потег би ги поттикнал и тие да ги продадат акциите.

Некои од поголемите инвеститори, како што е ко-основачот Дастин Московиц, веќе почнаа да продаваат дел од своите акции во моментот кога нивната цена почна драстично да паѓа.