Производителот на мотори Cummins е еден од најважните снабдувачи на еден од водечките производители на комерцијални возила Gazelle и нивната линија Next.
Компанијата GAZ, која е основана во 1932 година, доживеа вистински препород во последните неколку години, пред се благодарение на своите комерцијални возила Gazelle Next, со кои се наметна како еден од лидерите во Европа во овој сегмент. Една од причините поради која Gazelle и линијата Next се меѓу лидерите на европскиот пазар е високиот квалитет, доверливоста и сигурноста која ја нудат овие лесни комерцијални возила, а за тоа се заслужни врвното производство како и високо квалитетните компоненти од најдобрите светски производители меѓу кои и Bosch, Takata, Mando, Delphi, ZF, како и агрегатите на американскиот производител Cummins.
Cummins е американска компанија која дизајнира, произведува и дистрибуира мотори за комерцијални возила, а нивните високо квалитетни агрегати го најдоа своето место и кај моделите на Gazelle. Конкретно, линијата Next го користи дизел моторот на Cummins во кој се инкорпорирани најновите инженерски трендови на пазарот. Станува збор за четирицилиндерскиот ISF 2,8-литарски турбо мотор кој нуди максимална моќност од 120 КС и 270 Nm максимален вртежен момент, кој со едно полнење на резервоарот нуди опсег на движење од 475 километри. Во однос на техничките карактеристики, дизелските Gazelle Next не се разликуваат премногу во однос на бензинските варијанти, иако издувниот систем, електронската контролна единица, менувачот и соодносот на трансмисијата се променети и прилагодени за дизел перформансите.
Врвен квалитет
Благодарение на овие агрегати, Gazelle Next возилата добиваат унапредено триење и брзински карактеристики во сите режими на функционирање. Пред се, Next комерцијалните возила добиваат подобра динамика на забрзување во сите брзини и поголема еластичност на агрегатот. Овие карактеристики на Cummins ISF 2.8 дизел моторот се достигнати со менување на поставките на турбо полначот и новиот софтвер на контролната единица на моторот. Во комбинација со овој агрегат, Gazelle Next возилата ја добиваат новата ZF Sachs спојка со зголемен надворешен дијаметар и петстепен мануелен менувач, за да ги задоволи потребите и да ги пресретне побарувањата на моќниот мотор.
За квалитетот и доверливоста на моторите говори и фактот што GAZ групацијата ги користат за својот GAZ Raid Sport тим, кои пак се базирани сериските возила, а Gazelle Next перформансните возила опремени токму со Cummins ISF 2.8 моторот учествуваат и на голем број рели натпреварувања, докажувајќи ја издржливоста, како на возилата, така и на моторот кој го користат.
Гаранција за доверливост
Инаку, кога станува збор за ISF семејството на агрегати на Cummins, треба да се истакне дека истите нудат исклучителни перформанси, мала тежина и ниски оперативни трошоци, а не треба да се заборави ниту издржливоста и долгорочноста која се очекува од американскиот производител. Нивниот ISF 2.8 агрегат, кој ги напојува Gazelle Next возилата, е идеален за лесните комерцијални возила, а станува збор за најлесниот и најсилниот мотор во својата класа, што го прави совршен избор ваквиот тим на превозни средства. ISF 2.8 нуди напредно термално инжинерство, електронска интеграција и High Pressure Common Rail систем.
Секако, потрошувачката е еден од главните елементи во целата приказна, а според декларираните бројки, Gazelle Next со Cummins ISF 2.8 моторот има потрошувачка од 8,5 литри на 100 километри при постојана брзина од 60 километри на час, додека при брзина од 80 километри на час, истата изнесува 10,3 литри.
Моторите на Cummins, во комбинација со останатите врвни компоненти и современите технички решенија на GAZ групацијата се гаранцијата за успешноста и доверливоста која ја нудат Gazelle Next возилата.
Преземено од Avtoplus.mk