Cushman & Wakefield / FORTON MKA назначен за ексклузивен лизинг агент на East Gate Mall

99

Најголемиот трговски центар во Скопје, но и во Македонија East Gate Mall, почна со изнајмување простор, a овој процес ќе го води компанијата “Cushman&Wakefield/FORTON MKA”.

East Gate Mall ќе биде трговски центар од новата генерација и дел од најголемиот мултифункционален проект на пазарот на недвижнини во Македонија – East Gate. Структурата на трговскиот центар ќе биде доминантно на две нивоа со голема концентрација на модни брендови, ресторани, храна и забава на едно место.

“Интересот на пазарот за проектот е одличен и очекуваме истиот понатаму да расте. Oчекуваме над 40 отсто од трговскиот центар да биде издаден на брендови што не се присутни на македонскиот пазар“, изјави Влатко Богоевски, директор на “Фортон Македонија“.

East Gate ќе биде најголемиот повеќенаменски проект на  пазарот на недвижнини со планирани над 500.000 квадратни метри бруто изградена површина. Таа вклучува трговски центар, станбен комплекс, како и комплекс од канцелариски згради.

Проектот East Gate е најголемата приватна инвестиција на пазарот на недвижнини во Македонија со вредност од над 350 милиони евра, финансирана од Балфин Групацијата (Balfin Group). По успешната приказна со Skopje City Mall ова е втора инвестиција на оваа групација на пазарот на недвижнини во Македонија.