Cybertrack на Tesla наиде на нови пречки

58

Производството на Tesla Cybertruck првично беше планирано за 2021 година, потоа за 2022 година, а подоцна дури и за 2023 година.

Во 2019 година, овој гломазен пикап требаше да се појави на пазарот по поволна цена од 39.900 долари. Сепак, извршниот директор на Tesla, Елон Маск, сега навести дека конечните спецификации и цената на многу фаленото електрично возило нема да бидат она што беше првично објавено.

Претходно овој месец, во говорот на состанокот на акционерите на Tesla, Маск кажа пред насобраните дека различни економски проблеми влијаеле на нивните планови за пуштање на сајбер камионот, додавајќи дека цената ќе биде „поинаква“ од првично ветената.

„Претставен е во 2019 година и оттогаш многу нешта се сменија“, рече Маск на настанот.

„Значи, спецификациите и цените ќе бидат различни – мразам да ги објавувам лошите вести – но нивото на инфлација што го гледаме и разни други прашања не можеше да се предвидат“.

Освен некои нејасни коментари, Маск сподели неколку други детали за Cybertruck, но сакаше да се погрижи да го промовира возилото. „Она што можам да го кажам е дека Cybertruck ќе биде пеколен производ. Ќе биде пеколна машина“, додаде тој.

Tesla Cybertruck е лесен камион со електричен батерии кој теоретски може да забрза од 0 до 100 километри на час за помалку од 3 секунди. Необичното возило привлече големо внимание на интернет со својата „футуристичка“ аголна форма, но години подоцна сè уште не се знае кога всушност возилото ќе излезе на патиштата.

Обожавателите на возилото ќе го паметат неговото големо откривање во 2019 година, кога главниот дизајнер на Tesla, Франц фон Холцхаузен фрли метална топка во прозорецот од „оклопното стакло“ на камионот за да покаже колку е издржлив.

Сè уште имаше проблеми пред Cybertruck кога беше во прашање производството и датумот на издавање. Во 2019 година, Tesla планираше да започне со производство на возилото во есента 2021 година. Тоа не се случи и производството беше одложено за следната година. Кога пристигна 2022 година, производството дополнително беше одложено за почетокот на 2023 година. Во говорот минатиот месец, Маск рече дека можеме да очекуваме Cybertruck да се појави на пазарот до средината на 2023 година.

Со оглед на очигледните пречки со кои се уште се соочува Cybertruck, дури и овој најнов датум на издавање изгледа неизвесен.