Cyclo – кацига на склопување од рециклирана пластика

69

Cyclo е дело на тим составен од велосипедист, дизајнер и “решавач на проблеми“, чија што страст се иновации, транспорт и велосипеди.

Кацигата е производот на нивниот заеднички труд, спакувана во интересно и одржливо издание. Таа се склопува со што може да се носи во ранец или торба, а во нејзиниот состав се наоѓаат и 20 рециклирани пластични шишиња.

Уникатниот дизајн овозможува Cyclo да значително да се собере со тоа што горниот дел се “вметнува“ во долниот дел на кацигата. Се регулира со цврст и издржлив механизам што придонесува подвижните делови да стојат на место кога кацигата се користи, пишува Inhabitat.

Таа е во согласност со сите стандарди во ЕУ, САД и Канада. Со цел да ја заштити околината, тимот за изработка на кацигата, користи рециклирана пластика од океаните.

Cyclo може да се користи при возење на скутери, скејтборди, велосипеди и слични транспортни средства. Производството за пазарот е закажано за следната година, а првите испораки се очекуваат напролет.

Фото: Cyclo