Фото: Daimler
Германскиот производител на автомобили Daimler и добавувачот за автомобилски делови Robert Bosch Group соопштија дека заедно ќе работат на развивање на автономни такси возила до почетокот на следната деценија, пишува Fortune.
Автономниот систем на возење што Daimler и Bosch планираат да го развијат ќе биде наменет за градско возење.
Со ова партнерство, компаниите ќе ги комбинираат стручноста во областа на производство на автомобили, сензорите и софтверот со што луѓето во одредени делови од градот ќе може да повикаат возило преку апликација на паметен телефон. На тој начин ќе се подобри протокот на сообраќај во градовите и безбедноста на патиштата.