Дајте ѝ име на авантурата: National geographic за Македонија

42

Американската телевизиска мрежа, National geographic ја смести нашава земја меѓу 28-те највозбудливи дестинации за оваа година.

Без разлика на тоа што Македонците на крајот ставија “север“ на името на својата земја, од неодамна го привлекоа вниманието како мала балканска нација. Иако нема море, земјата е богата со планини и езера. Високите врвови ги красат трите национални паркови, до коишто лесно се стигнува: Галичица, Маврово и Пелистер. Може со кајак да го поминете крајбрежјето на Охридското езеро, едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа или да летате над долината на Пелагонија од највисокиот град во земјата, Крушево, што е на надморска висина од 1.350 метри.

Меѓу дестинациите што National geographic ги одбра се и: Црна Гора, Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Египет…

Фото: Pixabay