Дали би пробале сладолед од инсекти?

85

Неколку ентузијасти од Кејп Таун, Јужна Африка, креираа сладолед врз база на инсекти. Предводени од Лиа Беса, научник за храна, тимот не само што создаде слатко, ледено задоволство од ларви, туку продолжи да креира и друг вид на храна збогатена со инсекти.

Денес, на менито на ресторанот Gourmet Grubb има вафли, бомбици со урми и чоколадо коишто се служат заедно специјален вид на црви. Исто така, ресторанот нуди и пуканки со инсекти.

Одговорен за специјалитетите е професионалниот готвач Марио Бернард, кој добил интерес за готвење храна со инсекти при посета на Тајланд во 2015 година.

Според тимот на Gourmet Grubb, инсектите се нутритивни и вкусни, пишува News24.

“Се решивме на мени со инсекти затоа што тие се полни со протеини, нешто што малку луѓе го знаат“, вели Беса.

Ресторанот е нивна замисла да понудат нешто иновативно, креативно, а истовремено хранливо и вкусно. Досега, како што велат од Gourmet Grubb, посетителите се навистина заинтересирани да пробаат од храната, особено од сладоледот којшто е направен од Entomilk, млечна алтернатива од добиена од инсекти.

Го има во повеќе вкусови како чоколада, путер од кикиритки, цимет…

Фото: Gourmet Grubb