Дали би пробале сладолед од козјо млеко?

31

Нана Каас од Босна и Херцеговина има фарма со кози, од чие млеко планира да произведува здрав сладолед.

Овој сладолед, како што вели таа за Екапија, ќе има помал процент на масти, помалку павлака и јајца, но многу козјо млеко.

“Во овој момент произведуваме полутврдо полномасно сирење гауда и младо сирење што ги пласираме во продавници за здрава храна, ресторани, пекари и хотели во Бања Лука и Сараево. Имаме и неколку нови видови на сирење што зреат и ги тестираме“, вели Каас.

Таа ја основала својата фарма во 2013 година, чиј капацитет е 300 кози.

Фото: Pixabay