Дали биткоинот ќе падне на 20.000 или ќе достигне 100.000 долари

65

На пазарот за криптовалути, Илон Маск е повторно во центарот на вниманието. Неговите твитови беа повторно во фокусот на инвеститорите откако во последно време честопати имаше негативно влијание врз цените.

Твитот во петокот, во кој тој даде до знаење (иако не директно) дека неговите патеки со биткоинот се разминуваат, брзо ја испрати цената на биткоинот за 4% пониска, по што следеше пад и на останатите криптовалути. Криптозаедницата не ги сака пораките на Илон Маск коишто се често мета на критики.

“Твитовите кои влијаат на финансиската состојба на другите луѓе не се смешни, туку неодговорни“, напиша кинеско канадскиот бизнисмен Чангпенг Жао, првиот човек на берзата за криптовалути Binance.

Биткоин во моментов вреди 32.808 долари по силните мајски превирања. Дали корекцијата ќе продолжи или сегашната вредност ќе привлече доволно нови инвеститори? Пионерот за техничка анализа Ричард Вајкоф, очекува да падне на 20.000 американски долари, а финансискиот портал Bloomberg проценува дека биткоинот може да варира помеѓу 30.000 и 40.000 долари некое време, а потоа да продолжи со биковски движења и може да достигна шестцифрен број подоцна оваа година: “Поверојатно е да се искачи до 100.000 долари отколку да се спушти под 20.000 долари“.

Фото: Pixabay