Дали Данска може да биде спас за Европа? Има сериозни планови за гас

105

Плановите на Данска да го зголеми производството на природен гас од своите наоѓалишта во Северното Море може да резултираат со вкупно зголемување од дури 25 отсто, изјави министерот за енергетика и клима Ден Јоргенсен на денешниот брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Во обид да се ослободи од рускиот гас, данската влада денеска предложи зголемување на производството на гас во Северното Море, како и драстично зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, се додава во информацијата.

Потсетуваме и на изјавата на премиерката на Данска, од почетокот на март, дека „историските времиња бараат историски одлуки“.

„Данска значително ќе го зголеми буџетот за одбрана и се обидува да стане независна од рускиот гас по рускиот напад врз Украина“, изјави тогаш Мете Фредериксен.