Дали е етички шефови на лаборатории во пандемија да заработуваат од акции?

63

Челници на неколку американски лаборатории што развиваат вакцина против коронавирусот во изминатите неколку месеци продале акции во вредност од неколку милиони долари, отворајќи го прашањето на етичност на таквите трансакции во ек на светска здравствена криза.

Денот кога американската фармацевтска компанија, Pfizer објави прелиминарни податоци коишто покажуваат дека нивната вакцина е 90% ефикасна во спречување на заразата, неговиот шеф Алберт Бурлa продаде акции во вредност од 5,6 милиони долари.

Потегот, како што пренесува Associated Frans Press, не е незаконски, бидејќи е во склад со прописите со коишто на шефовите им се дозволува да продаваат акции од компанијата по однапред утврдени критериуми, со однапред утврдена цена и датум, за да се избегне сомнеж во тргувањето на основа на повластени информации.

Според прописите коишто во 2000-та година ги утврди Комисијата за хартии од вредност на САД, одлуката за продажба не може да се менува во последен момент. Во рамки на тие прописи, неколку шефови од Moderna во изминатите неколку месеци продале акции во вкупна вредност од над 100 милиони долари.

Moderna на пазарот не претставила ниту еден производ уште откако е основана во 2010-та година, но владата во Вашингтон се обврза дека на компанијата ќе ѝ плати до 2,5 милијарди долари доколку нејзината вакцина се покаже како ефикасен борец против пандемијата. Компанијата објави дека вакцината е 94,5% ефикасна, поради што акциите ѝ пораснаа на 90 долари, а на почетокот на годината беа само 19 долари.

Шефот на Novavax на 18-ти август продаде акции од компанијата во вредност од 4,2 милијарди долари, скоро еден месец откако објави дека од владата ќе добие 1,6 милијарди долари.

Откако Вашингтон на 15-ти април одлучи да ги координира настојувањата да се развие вакцина до 31-ви август, челниците на пет фармацевтски компании од продажбата на акции заработија повеќе од 145 милиони долари.

Фото: Freepik