Директорот на Pfizer продаде акции и заработи 5,6 милиони долари

122

Генералниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, продал акции истиот ден кога е објавено дека вакцината против коронавирус на оваа фармацевтска компанија е 90% ефикасна и од тоа си инкасираше 5,6 милиони долари, пренесува CNN.

Компаниите Pfizer и BioNTech објавија дека прелиминарните анализи имаат 90% ефикасност.

Трансакцијата на Бурла е дел од редовниот план за периодична продажба на своите акции. Овој пат продал 132.508 акции по цена од 41,94 долари и заработил околу 5,6 милиони долари.

И потпретседателката на Pfizer, Сали Сузман, исто така, продала акции, како дел од претходно најавениот план. Таа за 43.662 акции заработила околу 1,8 милиони долари.

Акциите на Pfizer на почетокот на оваа недела пораснаа за 8%, додека акциите на BioNTech имаа поголем пораст и тоа од 15%, а ден подоцна за дополнителни 8%. Акциите на Pfizer во средата се намалија за 1%.

Фото: Fаcebook