Дали е подобро да работите со строг или “мек“ шеф

104

На прашањето – дали е подобро да бидете “добар“ шеф за вашите вработени да ве сакаат или строг за да добиете почит, тешко е да се даде точен одговор.

Традиционалната парадигма за многумина сè уште изгледа посигурна: да бидете цврсти и малку дистанцирани од своите вработени. Луѓето кои работат за вас треба да ве почитуваат и не би требало да бидат толку блиски со вас за да не заборават кој е “главниот“.

Ако сте претпоставен кој се грижи за своите вработени, дали изгледате премногу “благ“? Дали тоа значи дека ќе имате помалку почит од своите вработени и тие ќе работат помалку? Истражувањата даваат изненадувачки одговори на поставените прашања.

Строгите шефови често мислат дека притисокот што го создаваат врз своите вработени ќе ги подобри нивните перформанси, но тоа е погрешно. За жал, единствено што се зголемува тогаш е количината на стрес на работа. Истражувањата покажуваат дека високиот степен на стрес може да создаде високи трошоци како за вработените така и за работодавачите.

Лидерите кои создаваат пријатна работна атмосфера се значително поефикасни од оние кои имаат цврст став во нивното лидерство

Истражувањата спроведени од бројни организации покажуваат дека здравствените трошоци за вработените изложени на повисоки нивоа на стрес се 46% повисоки отколку кај организации каде стресот е помал. Исто така, зголемените нивоа на стрес на работа често ги охрабруваат вработените да најдат ново работно место, да одбијат унапредување или да ја напуштат работата.

Истражувањата на Harvard Business School покажаа дека лидерите кои создаваат пријатна работна средина се значително поефикасни од оние кои имаат цврст став во нивното лидерство. Зошто е тоа така? Една причина е довербата.

На прашањето – дали е подобро да бидете ‘добар’ шеф за вашите вработени да ве сакаат или строг за да добиете почит, тешко е да се даде точен одговор. Традиционалната парадигма за многумина сè уште изгледа посигурна: да бидете цврсти и малку дистанцирани од своите вработени. Луѓето кои работат за вас треба да ве почитуваат и не би требало да бидат толку блиски со вас за да не заборават кој е ‘главниот’.

Ако сте претпоставен кој се грижи за своите вработени, дали изгледате премногу ‘благ’? Дали тоа значи дека ќе имате помалку почит од своите вработени, и тие ќе работат помалку? Истражувањата даваат изненадувачки одговори на поставените прашања.

Строгите шефови често мислат дека притисокот што го создаваат врз своите вработени ќе ги подобри нивните перформанси, но тоа е погрешно. За жал, единствено што се зголемува тогаш е количината на стрес на работа – истражувањата покажуваат дека високиот степен на стрес може да создаде високи трошоци како за вработените така и за работодавачите.

Лидерите кои создаваат пријатна работна атмосфера се значително поефикасни од оние кои имаат цврст став во нивното лидерство

Истражувањата спроведени од бројни организации покажуваат дека здравствените трошоци за вработените изложени на повисоки нивоа на стрес се 46 % повисоки отколку кај организации каде стресот е помал. Исто така, зголемените нивоа на стрес на работа често ги охрабруваат вработените да најдат ново работно место, да одбијат унапредување или да ја напуштат работата.

Истражувањата на Harvard Business School покажаа дека лидерите кои создаваат пријатна работна средина се значително поефикасни од оние кои имаат цврст став во нивното лидерство. Зошто е тоа така? Една причина е довербата. Вработените имаат поголема доверба во некој што е љубезен кон нив. Овој пристап, исто така, ја зголемува групната и индвидуалната продуктивност. Мирна, позитивна и мотивирачка атмосфера ја намалува застапеноста на стресот на работното место и го зголемува задоволството на вработените.

Врз основа на бројни студии, се покажа дека лидерство кое е богато со соработка и доверба создава посреќна организациска култура во која вработените сe повеќе подготвени да си помагаат едни на други и да станат попродуктивни на долг рок. Според тоа, многу е јасно дека во иднина ќе мора да цениме значително поголема љубезност на работното место како важна карактеристика.

Фото: Pixabay