Дали Илон Маск е новиот Стив Џобс? Еве што мисли Бил Гејтс

134

Бил Гејтс неодамна беше гостин на телевизијата Bloomberg каде што го прашале што мисли за тоа што Илон Маск го нарекуваат новиот Стив Џобс.

“Ако ги познавате лично, чудно e да се постават работите толку едноставно. Илон е повеќе практичен инженер, додека Стив беше гениј кога станува збор за човечки ресурси, маркетинг дизајн“, рече Гејтс.

Тој додал дека многу го почитува Илон Маск и неговата компанија Tesla, но и дека борбата против климатските промени е многу покомплицирана од производството на електрични возила.

Кога новинарите го прашале дали се преценети акциите на Tesla, Гејтс не сакал да коментира, но рекол дека тоа е повеќе тема за луѓето од берзата и дека нема апсолутно никаква врска со климатските промени.

Фото: Facebook