Дали корона вирусот ќе ги промени нашите навики?

165

Пандемијата на корона вирусот што од Кина се пренесе низ целиот свет го покори светот и го стави пред нови предизвици. Додека здравствените научници работат на негова анализа, властите апелираат до граѓаните да се заштитат, да се подигне нивото на свеста и конечно да се стави ширењето под контрола.

Сè поголем број на компании донесоа одлука да ги испратат своите вработени да работат од дома. Наместо да се стави клуч на врата, вработените ќе можат да ги обавуваат своите обврски од дома без да стравуваат за своето здравје. Работата од далечина, во вакви ситуации, се покажа како одлична прилика бидејќи компаниите секако се соочуваат со финансиски потешкотии, па ова е идеално работата да го продолжи својот тек.

Бесконтактното плаќање уште еднаш ја потврдува својата доминација, бидејќи се стравува дека книжните и кованите пари можат да бидат трансмитери на различни зарази. Бројни се истражувањата што покажуваат дека на парите може да се најдат бројни микроорганизми. Сега особено е заострен стравот, иако и претходно се знаеше дека на парите “живеат“ различни бактерии и вируси.

Онлајн продажбата би можела во вакви ситуации да се појави како многу попрактичен начин да се набават одредени производи. Наместо да се оди во трговски центри, каде што има поголема циркулација на луѓе, може да се посетат безбедни онлајн продавници и со само неколку кликови да ги добиете производите до вратата на вашиот дом.

На крајот, можеби никогаш немаше да ни падне на памет дека треба да нè потсетуваат дека една обична хигиенска навика (што некој свесно или не ја подзаборава) ќе биде клучна за спречување на ширење на зарази. Иако веруваме дека живееме во модерно време, се потпираме на современи принципи и сведоци на силен технолошки напред, сепак миењето раце и грижата за личната (физичка, па и ментална хигиена) НИКОГАШ не смееме да ги забораваме.

Фото: Pexels