Дали коронавирусот ќе ја фрли готовината во заборав?

62

Низ САД се затворени голем број продавници, а оние коишто работат не примаат готовина, пишува Политико. Купувачите сè повеќе купуваат преку Amazon и Walmart, а и оние ресторани што работат користат само бесконтактно плаќање или плаќање преку интернет.

Се верува дека старомодниот начин на плаќање, готовината, би можела да замине во историјата бидејќи хартиените пари ги допираат голем број луѓе, па се избегнува нејзино користење за да се спречи ширење на заразата.

Кенет Рогоф, економист од Универзитетот Харвард, смета дека кризата “ќе ги доведе луѓето во состојба да сакаат попрво да се задолжат одошто да земаат пари од нечии раце“.

Според него, дигиталните плаќања се побрзи, почисти и поедноставни, а оваа криза предизвикана од Ковид-19 е огромна шанса за компании што нудат онлајн плаќања, како што е, на пример, PayPal.

Фото: Pixabay