Дали коронавирусот нè направи зависници од интернет?

46

Дигиталните медиуми ги живеат своите “ѕвездени“ моменти. Во текот на кризата, интернетот стана главен извор на сите важни информации и место на коешто се поврзуваат луѓето кои работат од дома, пишува The Star.

Голем е и интересот за стриминг услугите, како и за видео игри бидејќи луѓето сега имаат повеќе слободно време и поголемиот дел од денот се дома.

Но, дали сето тоа претставува дополнителен ризик од создавање зависност?

Можеби, но користа го надминува ризикот, смета доктор Берт де Вилд, главен лекар во клиниката за психосоматски болести во Германија.

“Јас професионално се занимавам со неговите штетни влијанија, но во ова време интернетот е сепак позитивна работа“, смета тој.

Од видео повици, што овозможуваат контакт со семејството и колегите, преку онлајн курсеви, до настава од далечина, сето тоа се позитивни ефекти од интернетот во време на пандемија.

“Важно е да се задржи самодисциплината и да не се препушти во целост“, вели Вилд, додавајќи дека тоа не важи само за дигиталните медиуми, туку за консумирање на алкохол и никотин.

Тој препорачува некои позитивни и аналогни рутини да се применуваат во текот на денот. Па така, препорачува во првиот и последниот час во денот да се апстинира од дигитални технологии, а во исто време да се избрише прашината од некои друштвени игри или книги.

Фото: Pixabay