Дали мајките треба да одат на работа?

258

Мајките кои се вработени им даваат позитивен пример на своите деца, покажува научна студија од Харвард.

Голем е бројот на мајки на мали деца кои се соочуваат со коментари од околината дека треба повеќе време да поминуваат со детето и помалку да работат. Поради тоа, мајките почнуваат да се обвинуваат себе, а работодавачите понекогаш и немаат разбирање за проблемите на нивните вработени кои имаат мали деца.

За да може едно дете да порасне во здрава и стабилна личност нема потреба едниот родител да биде дома, односно да не работи, покажува студијата на Харвард.

Исто така, се потенцира дека мајките кои работат им даваат позитивен пример на своите деца. Се нотира дека ќерките на вработените мајки постигнуваат значајни резултати и на училиште и потоа кога ќе се вработат. Освен тоа, полесно доаѓаат до работа, имаат развиени вештини и заработуваат повеќе од жени кои пораснале со мајки кои не работат. Ваквите деца немаат проблем ниту со социјализација и полесно остваруваат контакти и запознаваат нови луѓе.

Партнерите на вработените мајки почесто се ангажираат околу чување на децата, средување на домот и грижа за семејството, па поради тоа активните мајки придонесуваат за рамноправност меѓу половите.

Ако децата растат со мајка која е вредна, одговорна и посветена, тогаш го прифаќаат таквото однесување и го пресликуваат кога ќе пораснат.

Фото: Pexels