Дали Македонија извезува електрични автомобили?

86

Извозот на електрични автомобили минатата година имаше вредност од 25,7 милијарди долари во целиот свет, што претставува пораст од 207,4% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на овој вид на автомобили се САД со 30,5% учество во вкупниот извоз или инкасирани 7,9 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на електрични автомобили се и: Белгија (5,1 милијарди долари), Германија (3,9 милијарди долари), Јужна Кореја (2,4 милијарди долари) и Австрија (1,3 милијарди долари).

Податоците покажуваат дека извозот за електрични возила од нашата земја лани достигна 138.000 долари.

Словенија, од земјите во регионот, е 13-та по извоз на електрични автомобили што на земјата ѝ донесе 112,9 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (2,1 милион долари), Хрватска (577.000 долари), Бугарија (309.000 долари), Албанија (234.000 долари) и Србија (109.000 долари).

Податоците покажуваат дека од нашата земја лани се извезени електрични автомобили во висина од 138.000 долари.

Фото: Freepik