Дали на Америка и се заканува првиот банкрот во историјата?

30

Синоќа, Претставничкиот дом на САД го усвои Предлог -законот за суспензија на горната граница за американски долг, бидејќи на земјата и се заканува првиот банкрот во историјата, но јасно решение сè уште не е на повидок, бидејќи како што известува CNBC републиканците во Сенатот ќе го “ минираат“ донесување на законот.

Тие се противат на зголемувањето на границата за задолжување на земјата и се чини дека имаат намера да ги принудат демократите сами да се справат со големите инвестиции во социјалните програми и климатската политика. Министерката за финансии Џенет Јелен им рече на пратениците дека САД ќе останат без средства за да ги подмират своите финансиски обврски околу 18 октомври.

Доколку Конгресот не го суспендира или подигне горната граница за долг пред тој рок, пратениците ќе ја стават земјата во ризик да не ги исполни обврските, што може да чини милиони работни места, да ги загрози државните бенефити и да предизвика крах на финансиските пазари. Претставничкиот дом ја усвои суспензијата на лимитот на долгот со 219 гласови „за“ и 212 „против“.