Дали (не) ве сакаат колегите на работа?

121

Секоја работа подразбира и прилагодување и комуникација со луѓе различни од вас, со поинакви ставови, размислувања и начини на извршување на задалчите. Но, дали некогаш сте се запрашале дали можеби некој од колегите не сака да дојде на работа поради вас или вашето однесување? За да го дознаете тоа, тогаш искрено одговорете на овие прашања:

  • Дали се обидувате да напредувате преку заплашување?
  • Дали обвинувате некој друг за вашиот неуспех?
  • Дали си ги припишувате заслугите за туѓиот успех?
  • Дали зборувате колку се лоши нештата?
  • Дали задржувате критични информации со цел вашиот ривал да изгледа лошо?
  • Дали одбивате да им помогнете на колегите?
  • Дали го блокирате прогресот со комплицирање на едноставното решение?

Секогаш имајте на ум еден многу важен факт, а тоа да бидете искрени кон себе, кон работата и луѓето со кои работите. Само на тој начин ќе ги надминете сите пречки и предизвици дури и со оние кои се “тешки“ за соработка. Треба да научите да бидете објективни и самокритични кога се во прашање одлуките што ги носите, како се однесувате, што правите, како зборувате, какви цели одредувате, какви планови кроите… Од друга страна, не е целта да им се допаднете сите, туку да изградите став, да имате сопствен интегритет, да имате самодоверба и да им верувате на луѓето со кои соработувате.

Фото: Freepik